Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Николовски: 33 милиони денари за 34 општини за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта


Министерот Љупчо Николовски информираше дека се доделуваат решенија на општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта.

„Доделуваме решенија на 34 општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од 19.000 метри, со што на земјоделците им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви.

Вкупната вредност е 33 милиони денари што е за два пати повеќе споредбено со 2018 година. МЗШВ во изминативе 5 годни преку Програмата за рурален развој финансиски поддржа проекти во вредност од над 50 милиони денари речиси во сите општини.

Дополнително преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции, за поддршка на Центрите за развој на плански региони, за последниве пет години инвестирани се вкупно 77 милиони денари за изградба на 78 локални патишта низ целата држава. Или вкупно преку двете програми, досега се инвестирани 126.3 милиони денари за изградба на вкупно 132 локални патишта за пристап до земјоделски површини.

Така треба да биде и во иднина. Како Министерство заедно со Платежната агенција и во соработка со општините ќе продолжиме да придонесуваме и да создаваме современи услови за развој на селата и руралните подрачја, со цел да им го олесниме и подобриме животот на граѓаните во руралните средини.“, рече Николовски.

Јан 24, 2023agrotim3
Цените на ѓубривата во светот паѓаат - Што се очекува во првата половина од годинава?Во понудата на Добиточниот пазар во Скопје кози за 80 евра, овци за 100 евра, бала детелина 15 ден./кг...

Напишете коментар Откажи одговор

24/01/2023 Рурален Развојинфраструктура, локален развој179

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019