Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: 33 милиони денари за 34 општини за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Николовски: 33 милиони денари за 34 општини за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта
Рурален Развој

Николовски: 33 милиони денари за 34 општини за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта

Објавено 24/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски информираше дека се доделуваат решенија на општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта.

„Доделуваме решенија на 34 општини кои ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од 19.000 метри, со што на земјоделците им овозможуваме полесен пристап до нивните ниви.

Вкупната вредност е 33 милиони денари што е за два пати повеќе споредбено со 2018 година. МЗШВ во изминативе 5 годни преку Програмата за рурален развој финансиски поддржа проекти во вредност од над 50 милиони денари речиси во сите општини.

Дополнително преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции, за поддршка на Центрите за развој на плански региони, за последниве пет години инвестирани се вкупно 77 милиони денари за изградба на 78 локални патишта низ целата држава. Или вкупно преку двете програми, досега се инвестирани 126.3 милиони денари за изградба на вкупно 132 локални патишта за пристап до земјоделски површини.

Така треба да биде и во иднина. Како Министерство заедно со Платежната агенција и во соработка со општините ќе продолжиме да придонесуваме и да создаваме современи услови за развој на селата и руралните подрачја, со цел да им го олесниме и подобриме животот на граѓаните во руралните средини.“, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:инфраструктуралокален развој
Претходен напис Цените на ѓубривата во светот паѓаат – Што се очекува во првата половина од годинава?
Следен напис Во понудата на Добиточниот пазар во Скопје кози за 80 евра, овци за 100 евра, бала детелина 15 ден./кг…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?