Нашата гордост и успешна приказна се развојот на малите семејни винарии. Предвидуваме 15.000 евра грант за уште поголем развој и афирмација на македонското вино.
Уникатни мали семејни винарии имаме насекаде низ државата не само во Тиквешијата. Денеска ги посетивме малите семејни винарии Алорос, Петров и Илиеви во Свети Николе. Многу љубов знаење умешност и работа е вложено во секоја една од нив.![]()
Денеска имаме нови 146 мали семејни винарии кои успешно искористиле грант до 10.000 евра.
Ако до 2019 година сме имале 71, денес имаме 255 регистрирани винарски визби ширум државата.
Донесовме целосно нов закон за вино, кој на лозарите, за прв пат, со закон им ја гарантира цената на винското грозје, како и нова посебна програма за финасиска поддршка за лозарството и винарството.
Ова е само уште еден доказ за успешноста, и нашата визија за развој на секторот лозарство – објави на Фејсбук министерот за земјоделство Љупчо Николовски.





