Во Комисијата за транспорт денеска се иницираа измени на Законот за урбанистичко планирање.
Со него се предвидува поедноставна постапка за градење на училишта, градинки, канализациска мрежа, катни гаражи во општините. Како што образложи министерот за транспорт Александар Николоски, освен во десетина урбани општини, повеќето се соочуваат со сериозни инфраструктурни проблеми.
Затоа со измените предвидуваме да нема општина со проблеми со канализација. Се предвидува градбата да биде во многу поедноставна постапка. Ова ќе се однесува за објекти кои се во целосна општинска или државна сопственост, но не и за приватна, објасни Николоски.
Три посто од капиталните расходи треба да одат кон општините.
Конкретно, се предвидува по 250 милиони евра годишно да бидат префрлани за општините. Само до крајот на годината со ребалансот на буџететот се предвидени 100 милиони евра, објасни Николоски.
Напишете коментар