Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: До јуни ќе биде завршена линијата градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Железничка станица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: До јуни ќе биде завршена линијата градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Железничка станица
Агровести

Николоски: До јуни ќе биде завршена линијата градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Железничка станица

Објавено 05/04/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железничка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорите на двете железнички претпријатија извршија увид во рехабилитацијата и реконструкцијата на првата линија.

Вицепремиерот Николоски истакна дека со набавката на новите автобуси, идејата е  да се комбинира транспортот така што фрекфренцијата на Градски воз да биде на еден час

” Динамиката е добра. Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста дека се завршуваат проектите во предвиден рок. И како што гледате, проектите кои што ова Влада ги почна завршуваат во предвидениот рок и се движат во добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за тоа како ќе се излезе на терен и како ќе се почне да се работи и навистина да се испорачува она што се ветува. До денес прогресот на првата линија која што оди од Зелениково преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 %, што е согласно динамичкиот план и очекуваме до јуни месец да истата биде завршена. По тоа следува еден период на тестирање и нашата цел е на 1 септември со почеток од новата школска година да почне да функционира градски воз на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица, што сум уверен ќе помогне многу во растаретување на сообраќајот и сообраќајниот метеж во град Скопје а исто така во очекувања на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме” -изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

“Jaвното претријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални.  Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ  веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура” – изјави Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во овој момент се работи на замена на дрвените прагови кои се заменуваат со бетонски прагови со  цел да да се достигне проектирана брзина до 90 км на час, како и реконструкција на патните премини.

Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека со проекот Градски воз, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Извор – 24ИНФО

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:бртградски возниколоски
Претходен напис Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим
Следен напис Владата ги намалува акцизите: поевтинуваат бензините и дизелот, ДДВ 10% останува до крај на кризата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Агенција за храна и ветеринарство

Регистри на државно земјиште

Електронско наддавање

ИПАРД

Државен инспекторат за земјоделство

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Консолидација на земјоделско земјиште

Македонски почвен информативен систем (МАСИС)

Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“

МЗШВ закони

/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?