Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Извозот е клучот за нашата економија, а комората е гласот на бизнисот“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Извозот е клучот за нашата економија, а комората е гласот на бизнисот“
Агровести

Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Извозот е клучот за нашата економија, а комората е гласот на бизнисот“

Објавено 24/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 „Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во неа членуваат компаниите кои го движат македонскиот извоз, компаниите кои го полнат нашиот буџет, компаниите кои нѐ водат напред. Комората е гласот на бизнисот – од дизајнирање и носење политики до детектирање проблеми и барање нивно решение“, изјави д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески.

Таа посочува дека Комората е колективно тело во кое секој се грижи за своите интереси, но на крај колективниот интерес е најважен и за економијата и за државата. Притоа, потсетува дека Стопанската комора на разни начини на компаниите им обезбедува континуирана поддршка: обезбедување кредити и средства за технолошка опременост и модернизација, заеднички настап на трети пазари, учество на саеми, како и обезбедување и размена на релевантни информации.

„Секоја влада ја знае моќта на коморите и мора да ги ислуша и да ги консултира при носењето одлуки. Не смееме да ги заборавиме периодите на кризи во кои Стопанската комора како партнер им помогна и на компаниите и на државата“, додава Мојсоска-Блажевски.

Во продолжение на поткастот, д-р Мојсоска-Блажевски нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на размислување на компаниите и активна потрага по нови пазари.

„Можеби Западот е нашата иднина, но не смееме да го занемариме Истокот. Треба глобално да бидеме отворени за сите можности што ни ги нуди светот“, вели таа.

Во таа насока, Комората ќе развива програми за поддршка на компаниите за нивниот настап за влез на нови странски пазари, за промена на деловниот менталитет, за изработка на почетно истражување на пазарот и за изнаоѓање партнери.

Во продолжение на разговорот д-р Мојсоска-Блажевски подвлекува дека државата и Комората треба заеднички да обезбедат стабилна и предвидлива бизнис-клима преку поедноставена регулатива, заради создавање фер услови за функционирање на компаниите, но и за владеење на правото како основа за посилен приватен сектор и одржлив економски раст.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Бизнис-клубИзвозоткоморатаНикица Мојсоска-Блажевски
Претходен напис УХМР: Во Берово утрово најстудено -4 степени
Следен напис ЕКОНОМИЈАТА ПОД ШАРА: Водечките компании со вкупен приход од 241,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?