Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: Аплицирањето за програмата за мајчинство преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е до 10 декември 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: Аплицирањето за програмата за мајчинство преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е до 10 декември 2023
Агровести

НФФ: Аплицирањето за програмата за мајчинство преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е до 10 декември 2023

Објавено 27/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е сеуште отворен повикот за апликантки за Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година.

Оваа програма е одлично решение што овозможува земјоделките да добиваат паричен надоместок за време на мајчинство за период од 9 месеци. Голем успех за земјоделките и земјоделците, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка. Преку оваа програма, земјоделките ќе имаат право на платен надоместок во случај на спреченост на вршењето на земјоделската дејност поради раѓање. Ова право за жените земјоделки, кои не се опфатени со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи, се остварува за прв пат, иако проблемот постои повеќе од три децении.

Програмата обезбедува еднократна финансиска поддршка од 81.000 денари. Оваа помош е наменета за жените кои имаат статус на
осигуреник-индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидско осигурување и не можат да остварат платено породилно отсуство.

Аплицирањето за програмата за 2023 година е до 10.12.2024. Побрзајте со доставување на апликациите.

Финансиската поддршка од истоимената Програма се реализира врз основа на поднесено барање до Агенцијата, најдоцна до 10 декември 2023 година кон кое треба да се достави следната документација: извод од матична книга на родени за детето за кое се бара надоместок
за мајчинство или отпусно писмо од здравствена установа каде што е извршено породувањето; уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки издадено од Управата за јавни приходи по датумот на раѓање на
детето; решение од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за утврден статус на осигуреник-индивидуален земјоделец; потврда издадена од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија дека мајката не била вработена во редовен работен однос во период од 12 месеци пред раѓање на детето и фотокопија на трансакциска сметка на мајката.

Ова е пилот решение за остварување на правото на мајчинство на регистриранитѕе индивидуални земјоделки и е исторски чекор направен од
страна на Владата на РСМ на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери. Во 2022 година, Националната федерација на фармери преку соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика,Министерството за здравство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Министерството за здравство, ПИОМ, УЈП, Фондот за здравство успеавме да најдеме соодветно решение преку Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Програмата започна да се имплементира во текот на 2023 година преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој.

Резултатот беше постигнат преку креирање на пилот мерка од страна на координативна група составена од сите засегнати институции и групата продолжува да работи на изнаогање на системско трајно решение.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 декември 2023Агенцијата за финансиска поддршкаАплицирањетомајчинствоНФФ
Претходен напис МЗШВ: Аплицирајте за дополнители директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади
Следен напис Битиќи и Пенов: Обезбедена директна финансиска поддршка од 13 милиони евра за 129 развојни проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?