Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невремето остави пустош во Делчево, продолжува санирањето на последиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невремето остави пустош во Делчево, продолжува санирањето на последиците
Агровести

Невремето остави пустош во Делчево, продолжува санирањето на последиците

Објавено 09/06/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево утрово продолжи испумпувањето вода од подрумите на луѓето, како резултат на поплавите од вчерашното невреме, кое го зафати градот.

Пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица синоќа се одзваа на повикот на градоначалникот на Делчево и помагаа во санирање на последиците од невремето.

Во невремето поплавени беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода. Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска, Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.

Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.

Во своето вечерно обраќање градоначалникот на Делчево информираше дека ставени се во функција сите расположливи ресурси но за целосно справување со последиците ќе биде потребна и поголема поддршка.

Апелираше загрозените граѓани да ја пријавуваат состојбата на дежурниот телефонски број изразувајки надеж дека во текот на денешниот ден работите ќе бидат ставени под целосна контрола.

Фото/delcevo365.mk

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:делевонајнова вестнајновоневремефотографии
Претходен напис Продолжува нестабилното време во попладневните часови
Следен напис Препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?