Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино
Агровести

Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино

Објавено 24/06/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Тетовското село Сиричино, дел од Општина Јегуновце, вчера беше најпогодено од невремето со град, интензивен дожд и ветер. Од планината Жеден надошле огромни количини вода измешани со земја кои навлегле во осумдесетина куќи, а градот речиси сто-отстотно ги уништил земјоделските површини. Оштетени се и возила и земјоделски машини.

– Во мои 70 години ја не сум видел досега. Во просториите во куќата имав околу 50 сантиметри кал и вода, теписи, внатре што имав кревети, сè тоа е поплавено и одзади имаме уште 80 сантиметри град, мешавина со вода, и зад што имав кокошки тоа, не можеле да се снајдат и сите поцркале. Имам штета 100 кила пченка, пченица имам, трици што сум носел на кокошките, и тоа нема ништо, се отидено е, изјави Ѓорѓи Антовски од Сиричино.

Блаже Цветковски од Сиричино, поради невремето остана без својот погон за производство на мебел. Уништени се сите машини и репроматеријали, вели ќе треба да почне од почеток.

– Штетите се огромни. Се работи за производствен погон, кој произведуваше. Машини, репроматеријали, ситен алат, груба процена, од 30 до 60 илјади евра комплетно машини и репроматеријали, во таа цена, во таа состојба, што се како нови, се повеќе. Се е упропастено, ништо нема, комплетно е уништено, целиот објект, производствен погон на Мебел Цветковски. Ако следува, ако државата има сили да помогне, добро ќе биде институциите надлежни за тоа, од населението не бараме, знаеме во каква состојба е, тоа е, наше е, ќе се почне од нула и толку.

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиновски информираше дека општината формирала комисија, која согласно своите надлежности која ќе евидентира штети. Потоа ќе се бара од владина второстепена комисија да даде средства за обесштетување.

– Комисијата сега во моментов, спрема обрасци и тие обрасци ќе бидат за кратко поминати во секое домаќинство во село Сиричино. Не само Сиричино, ќе бидат пуштени и во сите населени места каде што оваа непогода ги зафати. На територија на Општина Јегуновце најголеми оштетувања или штети има Сиричино, каде што повеќе од 70-80 домаќинства се опфатени со големи штети во нивните домови додека земјоделските посеви се 100 отсто уништени во населени места Сиричино, Туденце, Копанце, дел од Шемшово и Раотинце. Земјоделците ќе останат без храна за својот добиток, затоа што пченката и пченицата се тотално уништени. Земјоделските и градинарските култури компирот, кромидот, пипер се уништени, може нешто да остане од детелината и ливадите, изјави Димитар Костадиновски.

Меѓу најпогодените подрачја се и земјоделските површини во близина на Фалише, Општина Тетово.

– Јас работам со земјоделие, и бараме од државата да ни помогне. Имаме садено патлиџан, купус, компир, пченица пченка. Гледаме уништено е сè, 105 декари ниви и се пот ќесим ги имам големите давачки се. Немам од каде веќе да живееме. Времето е доцна веќе да сееме, не бидува ништо веќе. Да садиме нешто, не стигна доцна е седми месец е. Бараме нешто барем државата да ни помогне нешто, рече Орхан Фејзулаху.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека и нивните службеници ги евидентирале штетите по земјоделските површини.

Тетовската пожарникарска единица информираше дека шест луѓе се евакуирани поради елементарната непогода. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:земјоделско производствоневреметоСиричиноуништиле
Претходен напис Орхан Муртезани: Стратешки интерес на граѓаните и земјата е евроинтеграцијата
Следен напис Мицкоски ја презеде премиерската функција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?