Невреме со јак интезитет има во Пробиштипскиот регион кое е пропратено со пороен дожд, грмежи и појава на град. Нестабилната облачна маса се простира од Македонска Каменица до Петровец. Нестабилност со појава на дожд, грмежи и наместа појава на град имаме и во Демиркапискиот, Неготинскиот, Росоманскиот и Струмичкиот регион. Зголемена облачност со слаба нестабилност проследена со слаб до умерен дожд и слаби грмежи имаме во Охридско-Преспанскиот регион и во делови од западна и северозападна Македонија, соопшти УХМР.
