Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невообичаено високи температури во Европа: До 30 степени во Франција, 20 во Швајцарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невообичаено високи температури во Европа: До 30 степени во Франција, 20 во Швајцарија
Агровести

Невообичаено високи температури во Европа: До 30 степени во Франција, 20 во Швајцарија

Објавено 25/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Невообичаено топло време зафати делови од Западна Европа, каде што на крајот на февруари регистрирани се температури типични за пролет, па дури и за лето, а на некои места се соборени и месечните рекорди.

Во југозападниот дел на Франција вчера се измерени температури меѓу 25 и речиси 30 Целзиусови степени, значително над сезонскиот просек, пренесува денеска „Паризиен“.

На главните мерни станици рекордите за февруари, кои се движат меѓу 27 и 29 степени, не се соборени, но температурите значително им се приближија. Сепак, на некои секундарни станици се забележани нови февруарски рекорди. Во Сен Глади се измерени 29,6 Целзиусови степени, со што е надминат претходниот рекорд од 27 Целзиусови степени. Во Ортез се забележани 28,3 Целзиусови степени, а во Ломе 26,3, со што се надминати претходните максимални вредности за февруари.

Метеоролозите наведуваат дека ваквата ситуација е последица на комбинација на атмосферски и географски фактори. Над Франција се задржува антициклон, а циклон кај брегот на Португалија насочува топол воздух од северот на Африка кон Западна Европа.

Дополнително загревање предизвика и таканаречениот фен-ефект на француската страна на Пиринеите. За наредните денови се прогнозира пад на температурата на југозападот на Франција за пет степени, а во северните делови на земјата би можело да дојде до понатамошен пораст, со можност за нови февруарски рекорди.

Истовремено, невообичаено високи температури се забележани и во Швајцарија. На мерната станица во Цеви, во кантонот Тичино, температурата вчера помина 20 Целзиусови степени, што е првпат оваа година.

Според податоците на Сојузната служба за метеорологија и климатологија „Метеосвис“, прагот од 20 Целзиусови степени на јужната страна на Алпите е достигнат речиси три недели порано отколку што е просекот за периодот од 1991 до 2020 година кога таа вредност во просек се бележи околу 15 март.

Експертите напоменуваат дека датумот на првото достигнување на 20 степени може значително да варира, така што во 2013 година таа граница е помината веќе на 4 јануари, а во 1941 година температурата над 20 Целзиусови степени првпат е забележана дури на 21 мај.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:високи температуриЕвропаФранцијаШвајцарија
Претходен напис Македонците онлајн-плаќаат за интернет или мобилни услуги двојно повеќе од европскиот просек 
Следен напис „Безбеден град“ вчера регистрирал 526 прекршоци, првпат ниту еден за минување на црвено светло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?