Нестабилното и врнежливо време создава поволни услови за инфекции предизвикани од Црна дамкавост Phomоpsis viticola
Болест која претставува особена опасност кај голем број сорти, вински и трпезни. Заболувањето го предизвикува габата Phomopsis viticola, особено во дождливите пролетни услови и предизвикува прилично големи штети на виновата лоза.
Од црните точки (пикниди) напролет, при бабрење на папките се ослободуваат алфа и бета спори кои вршат зарази на штотоку формираните ливчиња, на млад ластар до 15см на првите три интернодии. Фруктифицира на лакови и ластари пред и по кроење бргу се пренесува и затоа неопходно е третирање по резидба односно по врзувањето на луковите или во фаза на глувчи уши па се до 10 см пораст на ластарите.
Заразената лоза полека закржлавува, кората на ластарите лесно пука, се суши при што доаѓа до пропаѓање на цели лози и проредување на лозовиот насад. Габата поретко ги зафаќа листовите и гроздот. Важо е да оваа болест знаат да ја распознаваат извршителите на резидбата (кроењето) за да до максимум се отстранат сите заболени зрели ластари.
Извор: Агрометео