Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема застој во снабдувањето со нафта, тврдат Ковачевски и Бектеши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема застој во снабдувањето со нафта, тврдат Ковачевски и Бектеши
Агровести

Нема застој во снабдувањето со нафта, тврдат Ковачевски и Бектеши

Објавено 09/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ние се снабдуваме со нафта и нафтени деривати преку грчките пристаништа и нема никаков застој во тоа снабдување. Најважно од се е дека во моментот Македонија непречено се снабдува со нафта и нафтени деривати, одговорија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференцијата на новинарско прашање дали Владата има одговор како се дозволи да снема нафта еден ден.

Шпекулациите на кои граѓаните беа изложени во текот на минатата недела, појасни Ковачевски, прво предизвикале да има зголемена потрошувачка на гориво на бензинските пумпи. Информира дека за пет пати била зголемена дневната побарувачка односно продажба на гориво на бензинските пумпи. Дел од помалите продавачи на гориво во текот на првиот ден од ширењето на таа шпекулација, како што рече Ковачевски, ги намалија количините што ги продаваа на своите бензински пумпи, со цел количините што ги имаат да ги зачуваат и да ги продадат по поголема цена, по покачувањето што беше евидентно согласно движењето на цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи.

– Имаше зголемена продажба односно купување од страна на странски државјани во Македонија со оглед на тоа што нашето усогласување на цените дојде подоцна од соседните држави. Оттаму имаше исто така на бензинските пумпи зголемена побарувачка, што може да се види на пограничните места во државата, каде неколкукратно беше зголемена продажбата на нафтените деривати, рече премиерот и додаде дека откако Владата излезе во текот на денот кога тоа се случи тоа, веќе нема гужви на бензиските пумпи и снабдувањето со нафта и нафтените деривати се одвива нормално.

МИА

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:нафта
Претходен напис Владата со пакет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и зачувување на ликвидноста на компаниите
Следен напис Премиерот Ковачевски најави одлична мерка за намалување на цената на горивото, се намалува ДДВ и се намалува акцизата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?