Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема откуп на оризова арпа во Кочанско поради отежнатиот пласман во странство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема откуп на оризова арпа во Кочанско поради отежнатиот пласман во странство
Агровести

Нема откуп на оризова арпа во Кочанско поради отежнатиот пласман во странство

Објавено 01/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На десетина дена пред официјалниот почеток на новата сезона за производство на ориз земјоделците во кочанскиот регион се загрижени поради целосниот застој во откупот на арпата од минатогодишната реколта.

Над 10 илјади тони арпа сѐ уште ги чуваат во домашните магацини затоа што откупно-преработувачките претпријатија не склучуваат нови договори за откуп, а и цените што ги нудат се неприфатливи во однос на трошоците за производство. 

-Имаме информации дека на Собрание треба да помине предлог за откуп на околу три илјади тони за стоковите резерви, но досега тоа не е реализирано. Редовен откуп воопшто нема, туку има само поединечни случаи кога им се земаат одредени количини на земјоделци кои имаат повисок квалитет на арпата. Според нашите проценки околу 50 отсто од произведените количини стојат на залиха кај земјоделците. Очекувавме една третина да отиде за стоковите резерви, околу две илјади тони да се искористат како семенски материјал за новото производство, а останатите количини остануваат како проблем. Последните цени што се исплаќаа пред прекинот на откупот се движеа од 22 до 25 денари за килограм арпа, во зависност од квалитетот, односно од рандманот, истакнува Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

Од откупните претпријатија во регионот велат дека нивните магацини се преполни со арпа што не се преработува затоа што подолг период се соочени со отежнат пласман на бел ориз на пазарите во соседните земји.

-Имаме разбирање за револтот на земјоделците, но пласманот во странство е многу отежнат затоа што нашите цени се превисоки и неконкурентни во однос на другите производители. Практично, 70 отсто од произведениот ориз во нашата држава треба да се извезе, но според движењата на берзата, повисоки сме со цените за околу 30 отсто, а за некои сорти дури и двојно повеќе. Тоа значи дека имаме скапо производство што трае со години, па само кога во другите држави ќе има недостиг поради суши и други временски влијанија, ние можеме да пласираме нешто. Од друга страна и откупот за стокови резерви е проблематичен, затоа што и тие количини нема каде да се пласираат. Решението е во намалување на трошоците за производство, односно државата да помогне во обезбедувањето поевтини заштитни препарати и вештачки ѓубрива, како и со окрупнување на површините и едукација на земјоделците, истакна Чедо Атанасовски, директор на фабриката за ориз „Е-ма стил“ од Чешиново.

Земјоделците се во очекување и на планот за наводнување од кој ќе зависи сеидбата на оризот за новата сезона, но најверојатно ќе има големи рестрикции во површините поради сушната сезона. Во моментот во акумулацијата Калиманци има нешто повеќе од 50 милиони кубни метри вода, што е половина од нејзиниот капацитет, што значи дека може да се очекува најмалку за толку да се намалат минатогодишните 4.500 хектари што беа засеани со ориз.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КалиманциоризоткупЧешиново
Претходен напис Кавадарци со повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури
Следен напис (ВИДЕО) Тешка механизација на терен во Батинци, се излеа Маркова река
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?