На денешниот состанок со Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност, Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ разговаравме за моменталната состојба, ги детектиравме проблемите и недостатоците со кои се соочуваат институциите.
На состанокот формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите. Со комплетно нов, дигитализиран систем и екипирање на институциите ставаме крај на оваа појава и го спречуваме криминалот со неконтролирана сеча и нелегална продажба на огревно дрво.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Вицепремиер

