Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем
Агровести

Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

Објавено 21/11/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата на пестицидите, на ветеринарно -медицинските препарати, вклучително и на антибиотиците во ветеринарната медицина, како и нивната примена во хуманата медицина се прашања кон кои попосветено треба да се посветиме и во идниот период. Следејќи ги насоките на светските и европските надлежни институции посветени на борбата за справување со последиците од антимикробната отпорност, Агенцијата за храна и ветеринарство ја поддржува глобалната иницијатива за одбележување на Светската недела за свесноста за рационална употреба на антибиотиците која годинава се одбележува под мотото “Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега”. Мултисекторски е проблемот кој го носи неконтролираната  употреба на антимикробни средства и кој покрај здравјето на  луѓето и животните негативно се рефлектира и на животната средина. Затоа, како одговорна институција, остануваме посветени на заедничкиот пристап во справувањето со овој проблем, кој во современиот свет, за жал, веќе зазема епидемиски размери”.  Ова го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов на денешната панел дискусијата, која во Организација на Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација, се одржа во рамки на одбележувањето на Неделата на свесност за АМР. 

Вклученоста на нашите институции и државата во активностите на реномираните европски и светски институции и организации за заштита на здравјето на луѓето, животните и животната средина и посветеноста на прашањето за антимикробната резистенстност,  истакна Миланов е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат како држава кога е во прашање борбата за справување со антимикробната отпорност, што и за Европската комисија е еден од врвните приоритети и основа за остварување на зацртаната цел – да се намали употребата на антимикробни средства за 20% до 2030 година. 

-Исклучително активно сме како институција и на меѓународен план, преку соработка со Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната отпорност при Министерството за здравство и учеството во телата на Кодекс алиментариус (Codex Alimentarius), Светска здравствена организација и Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA). Ја спроведуваме Програмата за антимикробна отпорност и Годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност, а добиените резултати јавно се објавуваат. Дополнително тие се доставуваат и до Европската Агенција за безбедност на храна. Токму тие се дел од Националните извештаи за движењето на зоонозите и антимикробната отпорност за секоја година поединечно – додаде Миланов. 

Програмата за антимикробна отпорност, објасни тој, е усогласена со европската легислатива и заснована е на најновите научни мислења во оваа област. Постоечките законски и подзаконски акти во оваа област се усогласени со европските и  обезбедуваат висок степен на заштита на здравјето на граѓаните преку обезбедување на безбедна храна. 

-Одобрувањето, прометот и употреба на ветеринарно медицинските препарати се базира на стриктно дефинирани законски процедури, а спроведувањето на мониторинг на антимикробната отпорност се дел од активностите кои се реализираат во рамки на Националната стратегија за борба против антимикробна отпорност – потенцира директорот Миланов.

3

На панел дискусијата д-р Аким Али, Специјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларијата на СЗО  во Северна Македонија кој со Директорот на АХВ д-р Оливер Миланов оствари неформална средба на која стана збор за важноста за следење на антимикробната отпорност во ветеринарството, од аспект на заштита на здравјето на животните и на луѓето. 

4

На панел дискусијата, претставници од Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Здружението на матичните лекари на РСМ, институтите за јавно здравје и за микробиологија и паразитологија, од Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за животна средина и  разменети беа информации за следењето на потрошувачката на  антибиотиците, улогата на матичните лекари за рационално користење на антибиотиците, важноста од рационалната употреба на антимикробни средства, активностите на АХВ во поглед на антимикробната отпорност кај животните и храната од животинско потекло, како и на позицијата на животната средина и концептот eдно здравје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:антибиотицимултисекторски проблемНеконтролираната употреба
Претходен напис Просечната нето плата во септември 41.585 денари
Следен напис Српска Влада: Утре во Белград почнува Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворениот Балкан“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?