Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Неколку сантиметри снег на Попова Шапка, за скијачката сезона подготвени сите седум ски-лифтови, ски-картите со зголемени цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Неколку сантиметри снег на Попова Шапка, за скијачката сезона подготвени сите седум ски-лифтови, ски-картите со зголемени цени
Агровести

Неколку сантиметри снег на Попова Шапка, за скијачката сезона подготвени сите седум ски-лифтови, ски-картите со зголемени цени

Објавено 26/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прва поголема снежна покривка на скијачкиот центар Попова Шапка има од ноќеска, но сепак не е доволна се уште за почеток на скијачката сезона, информираат од друштвото Попова Шапка.

Во летниот и есенскиот период, уверуваат дека се работело на унапредување на состојбите за скијање.

-Имаме прва посериозна снежна покривка, но се уште е рано да се прогнозира кога ќе почне скијачката сезона. Во изминатиот период отстранет е дефектот кој минатата година беше на жичарницата Церипашина и таа ќе може да се користи оваа сезона. Така, на располагање ќе бидат сите ски лифтови и жичарници се сервисирани и ремонтирани. Скијачките патеки се обновени и поставена сигнализација како и нивно обележување. За скијачите се изградени и две бачила за одмор каде што ќе има кафе, чај и сендвичи. Тие се на патеките Поток 1 и Поток 2 и на патеката Ге – информира Живко Алексовски, раководител на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка.

Скијањето на Попова Шапка оваа година ќе биде поскапо.

-Ски картите имаат зголемени цени затоа што и има глобално зголемување на цените на голем број влезни продукти за нашите услуги. Воедно годинава ќе се наплаќа и за користење на новиот шестосед чија употреба лани беше промотивна и бесплатна – информира Алексовски.

Според најавите, доколку има доволно снег, скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски-лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница. Нивниот хотел Славија работи постојано, а другиот објект Попова Шапка ќе се активира со официјачниот почеток на ски-сезоната.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Попова Шапка
Претходен напис Новиот трактор во семејната градинарска фарма „Еко Фарм“ е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од државата
Следен напис Нуредини: Решенијата засновани на природата можат да дадат клучен придонес за ублажување на климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?