Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недостигот од „син дизел“ предизвика паника кај хрватските земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недостигот од „син дизел“ предизвика паника кај хрватските земјоделци
Агровести

Недостигот од „син дизел“ предизвика паника кај хрватските земјоделци

Објавено 23/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Недостигот од „син дизел“ предизвикува сериозна загриженост и паника меѓу земјоделците во Хрватска, додека од Хрватската земјоделска комора бараат итна интервенција од државата. Од своја страна, Министерството за земјоделство укажува на нагло зголемена потрошувачка и апелира купувањето да се усогласи со реалните потреби.

Од Министерството наведуваат дека потрошувачката на „син дизел“ во одредени сегменти значително отстапува од вообичаените сезонски трендови. Според направените анализи, испорачаните количини се повеќекратно поголеми во однос на истиот период минатата година, при што во некои жупании растот надминува 700 проценти, а во одредени случаи достигнува и повеќе од 900 проценти.

– Ги повикуваме земјоделците набавката на ‘син дизел’ да ја усогласат со реалните потреби на пролетната сеидба. Нема потреба од создавање залихи – изјави министерот Анте Шушњар.

Од ресорното Министерство нагласуваат дека Владата ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди стабилно и навремено снабдување со ова гориво, како и да ја задржи неговата ценовна достапност за земјоделците.

Претходно, од Хрватската земјоделска комора предупредија дека во период кога временските услови се клучни, а роковите за сеидба се исклучително кратки, недостигот од основниот енергенс ги става производителите во ситуација да не можат да ги извршат неопходните агротехнички зафати.

„Со тоа се доведува во прашање не само овогодишниот род, туку и целокупната стабилност на домашното земјоделство и снабдувањето со храна“, соопштија од Комората.

Дополнителен проблем, според нив, претставува правилото според кое точењето на „син дизел“ е дозволено исклучиво директно во тракторите. Таквата практика, велат, е непрактична на терен, бидејќи тракторите имаат ограничен капацитет на резервоарите, а значителен дел од горивото се троши уште при транспорт од бензинската пумпа до фармата.

Поради тоа, од Комората прашуваат зошто на земјоделците не им е дозволено полнење во канистри, што би овозможило порационално користење на горивото. Нејасно, додаваат, е и постапувањето на бензинските пумпи, кои не нудат соодветни решенија во овие вонредни услови, иако станува збор за прашање од стратешко значење.

Советничката за прехранбена индустрија и земјоделство, Звјездана Блажиќ, посочува дека клучниот проблем не е цената, туку достапноста на горивото.

– На земјоделските производители повеќе од растот на цената им пречи недостапноста на горивото. ‘Син дизел’ нема на сите бензински станици –  изјави Блажиќ.

Таа особено ја истакна состојбата во северозападна Хрватска, наведувајќи дека на потегот од Загреб до Вараждин нема ниту една бензинска станица каде што земјоделците можат да точат „син дизел“, пренесе загребски „Вечерњи лист“. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделциНедостиготпаникасин дизелхрватските
Претходен напис Светски ден на метеорологијата: Македонското земјоделство веќе ја живее климатската криза
Следен напис Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?