Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недимовиќ: Функционира договорот од Отворен Балкан – Први три пратки за Македонија без чекање на границата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недимовиќ: Функционира договорот од Отворен Балкан – Први три пратки за Македонија без чекање на границата
Агровести

Недимовиќ: Функционира договорот од Отворен Балкан – Први три пратки за Македонија без чекање на границата

Објавено 05/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во вторник заминаа за Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана во декември, како дел од иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Почетокот на имплементација на Договорот од страна на Србија го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, додавајќи дека договореното се спроведува, а по потпишувањето на договорот веќе имало пратки од Македонија во Србија.

-Како што се договоривме и потпишавме, така сѐ и функционира, нема повеќе чекање на граничните премини, ако стоката тргне од Куманово и треба да оди во Суботица, ги признаваме нивните лабораториски анализи, таму се врши усогласување на документите, така е со стоката од животинско и растително потекло, така е со сите стоки кои се во секторот за безбедност на храната и тоа е она што е произлезено од Отворен Балкан, изјави Недимовиќ за ТВ Пинк.

Тој посочи дека Отворен Балкан во однос на прехранбениот сектор е ставен во фунција со полн капацитет и дека сега постои систем на рани најави.

-Тоа значи дека за оние кои сакаат да испратат некоја стока од Албанија во Србија, постои наша посебна платформа каде што шпедитерот еден ден претходно најавува што ќе пристигне, а ние автоматски му издаваме електронска потврда дека влегува во државата – изјави Недимовиќ.

Тој кажа дека целосната размена меѓу Србија, Македонија и Албанија во прехранбениот сектор е околу 420 милиони долари и оти верува дека „со рушење на пречките” за неколку години ќе достигне до милијарда долари размена.

Според него Србија во Македонија и Албанија најмногу извезува пченица, пченка, брашно, сончогледово масло, „кое се извезува во неверојатно големи количини”, како и млечни производи, додека од Македонија најмногу се увезува грозје и вино, и како што наведе, „не толку домати како порано“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:недимовиќотворен балкан
Претходен напис Најквалитетен, најопремен и најекономичен – Трактор Solis 75RX во ХЕМОМЕТАЛ
Следен напис Шапуриќ: Половина од тутунот е откупен по просечна цена од 191 денар, а близу 90% е исплатен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?