Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
ИПАРД

Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…

Објавено 30/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 600.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 10.000 евра нема да се разгледуваат.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира

– Физички лица:

  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец
  • Физичко лице без регистрирана дејност

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар кои вработуваат најмногу 50 вработени и имаат годишен обрт најмногу 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

За што може да се аплицира во руралниот туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување

ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Новина за ИПАРД 3 е можноста за авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

-Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 проценти од средствата или 30 000 евра однапред.

За повеќе информации и соработка со консултанти за изработка на апликации на телефонскиот број: 071 225 345

Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства

Може да ви се допадне

Потпишан договорот за грант за изградба на автопатот Скопје – Блаце
Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Таг:грантИзградбаИпардМерка 7рурален туризамхотели
Претходен напис Директорот на АХВ делегат на Генералното Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните во Париз
Следен напис Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?