Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НБ: Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НБ: Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
Агровести

НБ: Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија

Објавено 02/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески и неговиот тим во рамките на официјалната посета на Банката на Англија имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија.

Проверките, како што посочуваат од НБ, се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со нивната грижа за обезбедување највисоки стандарди на сигурност и безбедност во чувањето на монетарното злато.

-Народната банка на Република Северна Македонија, во состав на девизните резерви, располага со околу 6,9 тони монетарно злато, со тековна пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана (асигнирана) форма и го сочинуваат маркирани златни прачки коишто во целост ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard − прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, односно околу 12 кг). Одлуката тоа да се чува во Банката на Англија беше донесена во 2010 година имајќи ги предвид сигурноста и флексибилноста коишто ги нуди инфраструктурната поставеност на централната банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон како најголем пазар со злато во светот, посочуваат од НБ.

По претходно доставено барање до Банката на Англија, како што нагласуваат, беше издвоен и презентиран примерок од соодветен број златни прачки во сопственост на Република Северна Македонија. Гувернерот, заедно со својот тим експерти, изврши визуелна проверка на примероците, при што беше утврдено дека тие одговараат на сериските броеви и дека се со правилна форма којашто соодветствува на утврдените стандардни спецификации.

-Имајќи ги предвид исполнувањето на високите стандарди и пристапноста до учесниците на пазарот на злато во Лондон, ова злато, при поволни пазарни услови, покрај неговата значителна ценовна апрецијација, може да се искористи и за остварување дополнителни монетарни приходи преку пласмани на краткорочни депозити и склучување трансакции со злато со централни и првокласни странски деловни банки, истакнуваат од НБ.

Во Трезорот на Банката на Англија се наоѓа една од најголемите резерви на злато во светот. Банката на Англија се грижи за повеќе од 400.000 златни прачки вредни милијарди фунти. Златото се чува многу внимателно според највисоки безбедносни стандарди. Владата на Обединетото Кралство, банките и други влади низ светот имаат право да чуваат злато кај Банката на Англија.

-Народната банка и во иднина ќе биде посветена на транспарентно, ефикасно и одговорно управување со девизните и златните резерви, во интерес на стабилноста и економскиот развој на државата, порачуваат од НБ.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:безбедностаквалитетотмакедонското златоНБ
Претходен напис УХМР: Студено утро, најниска температура измерена во Берово
Следен напис Од вечер дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?