Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Назначен в.д. директор на Агенција за храна и ветеринарство и директори на други институции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Назначен в.д. директор на Агенција за храна и ветеринарство и директори на други институции
Агровести

Назначен в.д. директор на Агенција за храна и ветеринарство и директори на други институции

Објавено 02/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната седница на Владата е донесена одлука за назначување раководни кадри на пет државни институции, но и укинување на економските директори на јавните здравствени установи

Александар Пандов, Сашо Клековски, Гоце Димовски се дел од имињата кои Владата на денешната втора седница ги назначи за раководни кадри на пет државни институции.

Во соопштението од владината прес-служба испратено по завршување на седницата се наведува дека на позицијата в.д. директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски, а за нов в.д. директор на Управата за извршување на санкции е назначен Александар Пандов.

Сашо Клековски е назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување, а со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе раководи Оливер Миланов.

Владата, како што се додава во соопштението, му препорачала на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ да го избере Здравко Трајанов за в.д. директор на „Национални шуми“.

Во соопштението се наведни образованието што го имаат и дел од работните ангажмани на назначените директори.

За Димовски се вели дека е доктор на науки и оти има работно искуство во повеќе институции и компании, како и во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светската банка, Европската инвестициска банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ.

За Александар Пандов се вели дека е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Бил пратеник во македонското Собрание од 1998 до 2002 година и оти има работно искуство во приватниот сектор.

Во описот за Клековски се вели дека има завршено Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и МБА академска програма на УАЦС. За него се вели дека има триесетгодишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, како и дека е основач е и член на органи на повеќе граѓански организации.

Оливер Миланов, како што се наведува во владиното соопштение, завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Миланов има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата в.д. раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенција за храна и ветеринарство.

За Здравко Трајанов се вели дека е редовен професор на Шумарски факултет во Скопје. Тој бил член на бордот на директори на ШИК „Плачковица“, а бил и надворешен советник во ЈП „Македонски шуми“. Трајанов бил советник во Советот на Општина Радовиш, како и пратеник во парламентот од 2020 до 2024 година.

Освен назначувањето на директори на неколку институции, Владата на денешната седница донела одлука за укинување на економските директори на јавните здравствени установи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахввлададиректори
Претходен напис Повик до земјоделците од Росоман да ја пријават штетата од невремето
Следен напис (ВИДЕО) Градот направи пустош во Валандовско, земјоделците бараат помош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?