Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Настан за иновации во циркуларната економија и креативните индустрии во рамки на „Енерго-Технома 2025“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Настан за иновации во циркуларната економија и креативните индустрии во рамки на „Енерго-Технома 2025“
Агровести

Настан за иновации во циркуларната економија и креативните индустрии во рамки на „Енерго-Технома 2025“

Објавено 28/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“, денеска во арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи настанот „Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии“, посветен на новите индустриски трендови и одржливи решенија.

Како што информираат од Бизнис акцелератор УКИМ, на настанот ќе присуствуваат извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска, претставничката од Македонската асоцијација на метална индустрија, Марта Наумовска-Грнарова, и претставникот на Бизнис акцелератор УКИМ, Александар Стамболиев, кои ќе ги претстават содржината, програмата и иновативните решенија што ќе бидат изложени на саемот.

Настанот се организира во соработка со Францускиот институт во Скопје (IFS) и Македонската асоцијација на метална и електроиндустрија (МАМЕИ), како дел од иницијативата на ЕИТ за зајакнување на циркуларната економија во Македонија во 2025 година. Иницијативата има цел да ја поттикне соработката меѓу индустријата, академијата и креаторите на политики, како и да обезбеди подобар пристап на компаниите до европски и национални фондови и програми за поддршка.

Во тек се лабораториски и истражувачки проекти во партнерство со водечки универзитети и центри, насочени кон развој на технологии за рециклирање, валоризација на отпад и одржливи материјали – чекор кон поконкурентна и циркуларна македонска економија.

Програмата на настанот ќе опфати свечено отворање и пет тематски панели, на кои повеќе од 30 говорници – меѓу кои и меѓународни, француски и македонски експерти – ќе презентираат најнови решенија, иновации и механизми за финансирање во областа на циркуларната економија. Дискусиите ќе се одржат од 10:30 до 17:00 часот, а потоа ќе следува вмрежувачка сесија со можност за средби со експерти и инвеститори.

Посебен дел ќе биде посветен на Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан, со фокус на регионалната соработка и позиционирањето на македонската индустрија како двигател на одржливи иновации.

Настанот се одржува како дел од „Енерго-Технома 2025“ (27–30 октомври 2025), со цел да го поттикне развојот на зелени технологии, индустриска циркуларност и креативни решенија за одржлив раст.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:економијаЕнерго-Технома 2025иновации
Претходен напис Народната банка на Северна Македонија и Централната банка на Холандија организираат 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура
Следен напис Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?