Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Наша тезга“ – платформа која им овозможува на руралните жени да ги пласираат своите производи онлајн
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > „Наша тезга“ – платформа која им овозможува на руралните жени да ги пласираат своите производи онлајн
Рурален Развој

„Наша тезга“ – платформа која им овозможува на руралните жени да ги пласираат своите производи онлајн

Објавено 08/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако нема онлајн земјоделство, има онлајн пазар, има виртуелни тезги, има приказни и животни стории на нашите жени од руралните средини, потенцира директорката на Рурална коалиција, Лилјана Јоноски, осврнувајќи се на овој прв интернет пазар наменет токму за жените од руралните средини.

„Наша тезга“ профункционира кон крајот на минатата година и веќе има над 100 жени членки кои го промовираат домашното производство на храна од сите осум плански региони. На страницата може да се прочитаат и нивните животните приказни, да се научи повеќе за традицијата на нашето домашно производство.

До „Наша тезга“ може директно да се пристапи преку https://www.nasatezga.mk/ каде што воедно може и да се купат производи со што директно се придонесува за економско јакнење на руралните жени.

-Со тоа всушност придонесуваме и тие да излезат од сенката на невидливоста и неформалната економија, но и го поддржуваме домашното производство на храна. На платформата може да се најдат најразлнични, нови, иновативни, интересни, но пред се здрави производи, како чипс од лешници, чипс од јапонски јаболка, сушени јаболка со цимет, природен чај од нашите планини, џемови, мармалади, сокови, мед и други пчелини производи, природна козметика, рачни изработки, сирења, кашкавали,… Ваквиот онлајн пазар се градеше повеќе од година и половина, а богатата понуда на земјоделски производи и преработки може да се види низ посетата на повеќе од 100 виртуелни тезги или профили на жените од руралните средини кои што се дел од платформата, напоменува Јоноски.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:наша тезга
Претходен напис Руралните жени полека стануваат видливи – бројките сè уште поразителни
Следен напис Веројатни последици во светот од евентуална забрана на увоз на руска нафта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?