Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и економијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и економијата
Агровести

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и економијата

Објавено 28/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка го објави Извештајот за работата за периодот од 2018 година до мај годинава, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на сложени светски и домашни околности.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како што информираа денеска од Народната банка, нагласила дека во овој период централната банка успешно се справила со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација.

– Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството, се наведува во соопштението.

Гувернерката посочила дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведени речиси на европските нивоа.

– Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици, информира централната банка. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијатаНародната банка
Претходен напис До недела променливо време со повремен дожд и ветер
Следен напис Мицкоски: Владата донесе Оперативен план за вработување вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?