Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти
Агровести

Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти

Објавено 05/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка.

Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година.

Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од претходните очекувања.

Како што рече гувернерот Трајко Славески, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и на натамошна стабилизација на инфлацијата.

-Најновите макроекономски проекции за периодот 2025 – 2028 година укажуваат на отпорност и солиден раст на економијата. За годинава се очекува раст од 3,5 отсто, во периодот 2026 – 2028 тој би забрзал на 4 отсто. Во однос на инфлацијата, просечната стапка ќе изнесува 3,9 отсто, а во натамошниот период ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек, истакна Славески на прес-конференција.

Како што нагласи Славески, во првите девет месеци од 2025-та кредитната активност забележа силен раст кој, според Народната банка, би продолжил и до крајот на годината.

-Во периодот 2025 – 2028 година се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка кои би се искористиле за финансирање на дефицитот на тековната сметка. Во однос на структурата, најголемиот дел од приливите на нето-основа се очекуваат во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство. За целиот период на проекцијата се очекува зголемување на девизните резерви и натамошно соодветно ниво за одржување на стабилноста на домашната валута, подвлече гувернерот. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:економски растинфлацијанародна банка
Претходен напис УХМР: Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни
Следен напис Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка од над 1 милијарда денари или 17,8 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?