Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество
Агровести

Народна банка: ОФИ со средства од 336,4 милијарди денари во вториот квартал, пензиските фондови со најголемо учество

Објавено 31/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава достигнаа 336,4 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 проценти и годишно зголемување од 22,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народна банка. 

Според податоците, средствата на ОФИ се зголемени за 22,7 милијарди денари во однос на претходниот квартал и учествуваат со 23,3 проценти во вкупните средства на финансиските институции во земјата. Најголемо учество во структурата на ОФИ имаат пензиските фондови со 63,7 проценти, а по нив следуваат осигурителните друштва со 13,5 проценти. 

Од Народна банка посочуваат дека растот главно се должи на повисоките средства на пензиските фондови, додека позитивни движења се забележани и кај останатите потсектори, освен кај финансиските друштва кои евидентирале квартален пад. 

Во вториот квартал средствата на пензиските фондови достигнале 214,3 милијарди денари и се зголемени за 8 проценти на квартално и за 21 процент на годишно ниво, главно поради повисоки вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност. 

Средствата на инвестициските фондови бележат највисок раст меѓу поголемите потсектори и изнесуваат 35,6 милијарди денари, што е за 12,3 проценти повеќе на квартално и за 44,2 проценти на годишно ниво. Истовремено, средствата на осигурителните друштва се зголемени за 3 проценти квартално и за 8,8 проценти годишно.

Кај финансиските друштва е регистриран квартален пад на средствата од 1,1 процент, иако на годишно ниво е забележан раст од 30,3 проценти. Средствата на друштвата за финансиски лизинг се повисоки за 4,8 проценти на квартално и за 21,7 проценти на годишно ниво. 

Најголем дел од средствата на ОФИ се пласирани во должнички хартии од вредност, кои учествуваат со 49,3 проценти, и во сопственички хартии од вредност со учество од 28,5 проценти. На страната на обврските, најголем удел имаат техничките резерви на осигурувањето со 49,4 проценти и капиталните сметки со 40,4 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
РКЕ: Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
По обновените напади на Блиски Исток раст на цените на нафта
ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
Активни седум пожари на отворен простор, еден под контрола
Таг:народна банкапензиските фондови
Претходен напис До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Следен напис АХВ Демант: НЕТОЧНИТЕ И ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА СОЗДАВААТ ПОГРЕШНА СЛИКА ЗА СОСТОЈБАТА СО БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?