Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Напредни лозари“: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Напредни лозари“: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето
Агровести

„Напредни лозари“: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето

Објавено 16/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конечните решенија за нашите барања не смеат да чекаат до лето, до јули и август, туку треба да бидат дефинирани најдоцна до јуни, велат од здружението „Напредни лозари” по вчерашната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тие разговарале, како што информираат, со заменик-министерот Трајан Димковски, а присутен бил и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

-Претставниците од МЗШВ сериозно ги имаат разгледано сите наши барања и се заложија за нивно решавање. Општ заклучок од состанокот е дека почна процесот за решавање на проблемите, но потребно е време. Сепак, тоа не треба да биде подолго од два до три месеци, најдоцна до половината на јуни треба да се имаат решенијата. На состанокот се дискутираше одделно за секое наше барање и дополнително за уште неколку проблеми надвор од барањата, истакнуваат од „Напредни лозари”.

Според членовите на здружението, оваа година ќе се бараат нови, драстично повисоки откупни цени на грозјето.

-Во Законот за вино ќе бидат внесени и гарантирани дел од нашите барања. Во врска со неисплатените субвенции, директорот Бачовски информираше дека субвенции не им се исплатени на многу мал број производители, пред се на лица кај кои не се совпаѓаат пријавените со реалните површини на лозови насади, а разликите се од 10 до 100 проценти, што е утврдено од страна на надлежните од МЗШВ. Тие се уште се процесуираат. Димковски информираше дека е усвоена одлука за исплата на пријавените штети на лозовите насади од пролетниот мраз во 2016 година. Обесштетувањето ќе се изврши многу брзо, нагласуваат од „Напредни лозари”.

Состанокот во Министерството за земјоделство беше инициран со писмено барање од „Напредни Лозари” пред две недели.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:напредни лозари
Претходен напис Семенски компир – Одредување на квалитетот на садниот материјал
Следен напис Американска компанија ја „скенира“ земјава за инвестиција вредна 150 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?