Европскиот совет постигна неформален договор со Европскиот Парламент за тоа како да ги прошири моменталните правила на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) до крајот на 2022 година и да распореди дополнителни 8,07 милијарди евра кои претставуваат модел за закрепнување на земјоделството во ЕУ.
Распределба на средства во следните две години
Овој неформален договор е продолжение на почетниот, кој беше одржан во јуни и се однесува на распределбата на финансиските средствата во следните две години. Договорено е 30% од 8,07 милијарди евра да бидат достапни во 2021 година, а 70% во 2022 година.
Исто така, овој договор треба да им обезбеди околу една третина од вкупниот буџет (37%) за зелени мерки и благосостојба на животните и повеќе од половина од вкупниот буџет (55%) за мерки за социјална и дигитална трансформација.
Потсетуваме, дека со овој договор се зголеми горната граница на поддршката за започнување бизнис од Фондот за рурален развој, за млади земјоделци од 70 000 на 100 000 евра.
Исто така, е договорено да се продолжи примената на привремените мерки за поддршка на земјоделците и малите и средни претпријатија погодени од корона кризата во наредните шест месеци.
Извор: Агроклуб
