Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалени природни извори на храна на мечките на Шар Планина-потребни се јаболки и пченка за прихрана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалени природни извори на храна на мечките на Шар Планина-потребни се јаболки и пченка за прихрана
Агровести

Намалени природни извори на храна на мечките на Шар Планина-потребни се јаболки и пченка за прихрана

Последна измена: 29/05/2025 07:08
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана.

-Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“. Овој феномен е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште. За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки, соопшти Јавната установа Национален Парк Шар Планина.

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот (2023–2033), каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

-Преку оваа акција ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места, ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана, ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура. Прифатливи се само јаболки и пченка од домашно производство, без хемиски третмани, информираат од НП Шар Планина.

Доколку некој сака да помогне во логистика или да донесе храна, тоа да го направи во просториите на Јавната Установа Национален парк Шар Планина во Тетово, во објектот каде беше почетна станица за жичарницата до Попова Шапка, секој работен ден од 8-16:00 часот или на  телефонскиот број 072 239 122. 

МИА

Може да ви се допадне

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
20 километри од автопатот Кичево – Охрид од денеска се пуштени во употреба
Мелничарите алармираат: нестабилен квалитет на пченицата го разнишува ценовниот мир на лебот
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
Серафимов: Земјоделците да ја складираат пченицата, брзо ќе се покачи цената
Таг:мечкитеприродни изворихранаШар Планина
Претходен напис Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис Трипуновски: Во наредните денови ќе излезе јавниот повик за мерката позната меѓу граѓаните како 50-50
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?