Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најстудено утрово во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најстудено утрово во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри
Агропрогноза

Најстудено утрово во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри

Последна измена: 24/12/2023 11:04
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Најстудено со измерени -3 степени целзиусови утрово е во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри, соопштија од УХМР.

Во Струмица и Демир Капија се измерени -2 степени, -1 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, нула во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 степен во Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе и Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор и 7 степени во Охрид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 12 сантиметри во Крушево и 10 на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово, како што соопштија од УХМР, е малку до умерено облачно. Во западните делови дувало слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец и таму температурата утрово е повисока. Во останатите делови е постудено, а во некои котлини во Повардарието има магла.

Времето денеска во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Сончево и топло до 38 степени
Топол воздушен бран и температура до 40 степени в четврток и петок
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
Најмногу дожд наврна во Охрид
Сончево и малку посвежо со локална облачност
Таг:30 сантиметриБеровоМаврови АновиНајстуденоСкопје-Петровец
Претходен напис Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Следен напис Николовски: Излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?