Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
Агропрогноза

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Објавено 28/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмногу дожд до 7 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 20 литри на метар квадратен.

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка -10. Во Маврови Анови се измерени – 6, Крушево -5, Берово -3, Крива Паланка, Претор, Дебар -2 , во Охрид и Прилеп – 1, а 0 степени во Битола, Виница и Куманово. На останатите места е секаде над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови има најмногу снег 46 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 40, во Ѓуриште 24, во Пожаране 21 сантиметар. Во Берово има 16 сантиметри снежна покривка, во Претор 10, во Битола 8, а во Крива Паланка два сантиметри.

Најмногу дожд до 7 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 20 литри на метар квадратен, во Струмица 16 и во Гевгелија 14 литри на метар квадратен. По нив, според мерењата на УХМР во изминатите 24 часа, следат Скопје – Петровец со 13, Скопје-Зајчев Рид 10, Тетово и Куманово со 9, Крива Паланка 6, Охрид 5, Штип и Дојран 4 и Прилеп со 3 литри на метар квадратен.

Времето во текот на ноќта и изутринава е облачно со повремени локални врнежи од снег и со слаб до умерен, а наместа повремено и засилен ветер од северен правец. Утрово умерени врнежи од снег има во Битола.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните планински подрачја. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Облачно со врнежи од снег и засилен ветер
Следен напис Раст на цената на нафтата на светските берзи поради војната во Украина, цената околу 100 долари за барел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?