Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најслаба жетва на пченка во Франција во последниве 30 години – Цените на берзите осцилираат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Најслаба жетва на пченка во Франција во последниве 30 години – Цените на берзите осцилираат
Пазари

Најслаба жетва на пченка во Франција во последниве 30 години – Цените на берзите осцилираат

Објавено 20/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Франција пријави најслаба жетва на пченка во последните 30 години. Статистичката служба на француското Министерство за земјоделство Agreste ја намали проценката на француската жетва на пченка на 11,3 милиони, што е најслабата сезона од 1990 година, пишува reussir.fr.

Годинава производството на пченка во зрно ќе биде намалено за 25,3 отсто на годишно ниво и за 16,6 отсто во однос на петгодишниот просек, во набљудуваниот период 2017-2021 година. На тоа најмногу влијаеле високите цени на ѓубривата и екстремната суша.

Француското здружение на производители на пченка AGPM очекува жетва под 11 милиони тони, што претставува историски низок принос.

Понизок принос и во САД

Откако минатата недела цените на пченката паднаа под притисок на залихите од Украина и добриот принос во Јужна Америка, сепак повторно дојде до нивен раст. Кога USDA во својот извештај ја намали проценката на американскиот род на 354 милиони тони поради сушата која зафати некои држави, дојде до пораст на цените на американските берзи, пишува Agrarheute.

Се очекуваше Јужна Америка да има високи приноси на пченка и соја. Сепак, Бразил ја намали проценката на жетвата на 113,3 милиони тони. Се стравува и дека црноморските пристаништа повторно ќе бидат блокирани.

Сето тоа предизвикува секојдневни осцилации на пазарот. Така, денеска, 20 септември, тон на Париската берза чини 328 евра, а на Чикаго 266,37 евра.

Украинските залихи ги намалуваат цените

Според податоците на Државната царинска служба на Украина, од 1 јули до 14 септември извозот изнесува околу 5,8 милиони тони житарки и мешунки.

Минатата година изнесувал 10,93 милиони тони, од кои 2,3 милиони тони во септември, додека годинава се извезени 1,83 милиони тони пченица и 3,4 милиони тони пченка.

Има големи залихи на пченка од претходната жетва. Според проценките, тие изнесуваат од 5,3 до 5,5 милиони тони за пченица, 1,1 за јачмен и 7,7 милиони тони за пченка.

Може да ви се допадне

Значителен пад на цената на нафтата по најавата за можен договор меѓу САД и Иран
Маѓар: Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина останува
Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
САД велат дека блокадата на иранските пристаништа е целосно спроведена, трговијата е запрена
Хаос во Франција: Пумпите останале без гориво
Таг:берзапченкасадУкраинаФранција
Претходен напис Министерот Николовски ќе учествува на Меѓународниот саем за земјоделство „Интерагро 2022“ во Бјељина
Следен напис ДФИТР Фестим Халили се обрати на семинарот за инвестициски можности на Универзитетот на Југоисточна Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?