Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најсеверните делови од Европа погодени од топол бран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најсеверните делови од Европа погодени од топол бран
Агропрогноза

Најсеверните делови од Европа погодени од топол бран

Објавено 06/07/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По најтоплиот месец јуни во историјата на метеоролошката статистика во Финска и некои делови на Шведска, температурите на воздухот од неделата се граничат со апсолутни рекорди во северниот дел на Европа. Температурите таму варираат од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во Кево, на крајниот север од Финска, измерени се 33,5 степени Целзиусови. Тоа е највисока температура забележана во овој дел од земјата, од 1914 година кога рекордната температура изнесуваше 34,7 степени Целзиусови.

На национално ниво, јуни бил најтопол месец во Финска од 1844 година, со просечна температура од 16,5 степени Целзиусови.

Во Шведска, јуни повторно беше најтопол месец, а во Стокхолм просечната температура изнесуваше 19,3 степени Целзиусови, со што беа надминати рекордните температури од 2018 и 2019 година.

На национално ниво, јуни 2021 година беше третиот најтопол месец јуни од кога се водат ваквите статистички податоци.

Во Норвешка, вчера во Салтдал, округ во близина на Арктикот беа регистрирани 34 степени Целзиусови. Тоа е највисоката температура пријавена во земјата од почетокот на годинава, што е за 1,6 степени пониска од апсолутниот национален рекорд.

„Тропски ноќи“ се регистрирани во многу делови на Норвешка, односно температурите не се спуштиле под 20 степени Целзиусови.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:температурафинскашведска
Претходен напис Сончево и топло со умерена локална облачност и северен ветер
Следен напис Дојранското крајбрежје доби нова плажа кај селото Николич
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?