Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Агровести

Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите

Објавено 18/06/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако со британскиот заем инвестираме во Чебрен, ќе завршиме голема работа, велат експертите. Тоа би било најпаметно зашто ќе постигнеме еден вид енергетска независност. И брзата пруга од Коридорот 10, нагласуваат, е многу битна, иако има големи дилеми колку ќе може да придонесе за динамизирање на растот, но, од друга страна, сепак, ако не ја изградиме, ќе бидеме заобиколени, друга земја ќе ја преземе таа обврска, Албанија, Србија,…

Како што изјави денеска академик Таки Фити, каматните стапки за проектите се уште не се познати. Се очекува да бидат пониски зашто британската банка стои зад нас. Тој порача дека мора да се води сметка, кога парите ќе доаѓаат колку да се инвестираат, колкав е капацитетот на апсорпција на тие пари за македонската економија. 

-Не знаеме какви ќе бидат каматите и кои проекти ќе бидат прифатени, кои ќе почнат да се реализираат, тоа е многу битно. Сега велиме, нема да се зголеми јавниот долг зашто ќе имаме зголемена динамика на раст на БДП, но тоа е неизвесно, дали ќе успееме во наредните години да се развиваме со стапка од 4,7  отсто колку што вели Владата или пет отсто. Ако успееме така да се развиваме, учеството на јавниот долг иако тој квантитативно расте, во БДП ќе се намалува. Но, ако се развиваме со стапки од 2,5 – 3 отсто тоа може да биде значаен удар врз големината на јавниот долг. Мора да се води сметка и кога парите ќе доаѓаат, колку да се инвестираат, колкав е капацитетот на апсорпција на тие пари за македонската економија. Замислете, една милијарда евра наеднаш да се пуштат, веднаш ќе „буфне“ инфлација во земјата. Не е тоа така едноставно, но верувам, ова ќе има своја динамика, Владата и Народната банка ќе водат сметка за тоа. Уште до крај не ги знаеме условите. Моја оценка е дека најпаметна инвестиција тука ќе биде онаа поврзана со Чебрен. Ако со овој проект успееме да го исфинансираме Чебрен, сме завршиле голема работа. Ефектите очекувам да бидат најголеми од Чебрен зашто на тој начин ќе дојдеме до еден вид енергетска независнисот. Ние даваме огромни пари за увоз на струја секоја година, перманентно, а знаете дека цената на енергијата со тек на време расте. Еве, сега, со новите судири, ќе порасне и цената на нафтата што ќе се одрази и врз сите други енергенси, објасни Фити.

null

Одговорајќи на новинарско рашање по тркалезната маса на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија што ја организира МАНУ, професорот напомена дека вкупната инфраструктура секако придоенсува за растот. 

 -За пругата има големи дилеми, во која мера и колку тоа може да придонесе за динамизирање на растот. Самиот факт што овие средства полека ќе влегуваат во економијата, ќе ја раздвижуваат, ќе ја зголемуваат агрегатната побарувачка, но јас немам посебно информации дали и кога ќе се гради, кога ќе почне. Тоа е многу битно за да дадеме некаква оценка. Не знаеме каматни стапки, сега излезе дека сме упатени да бараме кредити од низа комерцијални банки и меѓународни финансиски институции. Колкава ќе биде каматната стапка зависи од преговорите и кредитниот рејтинг на земјата, но со тоа што британската банка стои зад нас очекуваме каматните стапки да бидат пониски. Како ќе се одрази тоа врз јавниот долг е друго прашање, потенцира академик Фити.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:британскиот заеминвестираНајпаметноЧебрен
Претходен напис Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Исплатени субвенции за обележани женски грла говеда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?