Моќниот компактен трактор LOVOL F4100, од најсовремената серија LOVOL F, во понуда на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ со најнова IV генерација кабина и со заштитен рам!
Тракторот LOVOL F4100 е револуционерна „интелигентна“ машина, која располага со голема моќност и компактен дизајн за најсовремена и најефикасна обработка на Вашите лозаро-овоштарски површини. Во однос на конфигурацијата, LOVOL F4100 е сигурен модел без никакви недостатоци, подготвен да одговори на секое работно место и терен кое бара издржлив трактор.

Тракторот LOVOL F4100 поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо-интеркулер систем и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, пониска потрошувачка на гориво за 10%, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини.

Синхонизираниот шатл менувач со 16+16 брзини овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции.
Тракторот LOVOL F4100 има минимален радиус на вртење од 3m, предната оска е со голем агол на вртење до 70° и 232mm растојание од земјата, со што го заштедува времето и ги зголемува ефикасноста, флексибилноста и слободата во обавувањето на операциите во лозаро-овоштарските површини.

Задната хидраулика на тракторот LOVOL F4100 има сила на подигање до 16,8KN и кардан со две брзина 540/1000 вртежи во минута, додека пак предната хидраулика има сила на подигање до 10,7KN и кардан со брзина 1000 вртежи во минута.

Тракторот LOVOL F4100 располага со удобен работен простор, со ергономски дизајн, пролагодлива висина на хидрауличен управувач, Grammer воздушно и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.
Има уникатен и нов дизајн на среден заштитен рам.

Тракторот LOVOL P4110 во понуда и со најнова четврта генерација најнов модел на кабина, херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, звучно изолирана, со парно и клима, тапацирана, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, ролетна, Grammer воздушно и удобно седиште, брисачи.
Тракторот LOVOL F4100 е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL F4100:
- Mоќност на мотор 100 коњски сили
- Број на цилиндри, 4 цилиндри
- Електронски контролиран погон на сите 4 тркала / 4WD
- Хидрауличен волан со прилагодлива висина на 4 нивоа
- Хидраулични сопирачки / Механичка мулти-диск паркинг кочница
- Синхронизиран менувач / Брзини, 16 напред + 16 назад
- Хидраулика и кардан, напред и назад
- Гуми радијални, Предни 280/70R18, Задни 360/70R28
- 6 хидраулични излези (3 сета) со проток на пумпа 50 L/min
- Тегови и топлинг, напред и назад
- Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, сет алат
- Grammer воздушно седиште
- Опција со заштитен рам
- Опција со Кабина, најнова IV генерација херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, клима и парно, тапацирана, рамен под, радио со USB, брисачи, Grammer воздушно седиште, и друго.
Видео со тракторот LOVOL F4100:
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и подршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
