Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд во Крушево, 25 литри на метар квадратен, на Маврово снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најмногу дожд во Крушево, 25 литри на метар квадратен, на Маврово снег
Агропрогноза

Најмногу дожд во Крушево, 25 литри на метар квадратен, на Маврово снег

Објавено 26/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најмногу дожд, 25 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 23 литри во Тетово, 17 во Виница, 16 во Охрид, 15 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 13 во Пожаране, 11 во Берово и Прилеп, 10 во Струмица, девет во Скопје-Петровец и Штип, осум во Демир Капија, Ѓуриште и Тополчани, седум во Претор и Дојран, пет во Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, четири во Битола, а два литри во Гевгелија.

Најстудено утрово е во Лазарополе и на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен, во Маврови Анови и Крушево еден степен, во Берово три степени, пет степени се измерени во Охрид, Крива Паланка и Претор, шест во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Струмица и Демир Капија, седум во Штип, Битола и Виница, осум во Скопје-Зајчев Рид и Дојран и девет степени во Гевгелија.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на Попова Шапка има снежна покривка од 12 сантиметри, а во Лазарополе изнесува пет сантиметри.

Во првата половина од ноќта беше променливо, а во втората половина од ноќта и утрово е претежно облачно со врнежи од дожд, а на некои планини во северозападните делови има врнежи од снег.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите постепено ќе престануваат. Во текот на денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:дождкрушевоснег
Претходен напис Одрони на патните правци во Дебарскиот регион
Следен напис Лавров: Црноморскиот договор за жито влезе во ќорсокак
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?