Моќниот компактен модел на трактор LOVOL 504 N, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Тракторот LOVOL 504 N е дизајниран за најефикасна и најсовремена обработка на Вашите лозаро-овоштарски површини. Во однос на конфигурацијата, тракторот LOVOL 504 N е моќен, компактен и сигурен модел подготвен да одговори на секое работно место и терен кое бара издржлив трактор.

Тракторот LOVOL 504 N поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрошувачка, обезбедува максимална сигурност и прoфесионална обработка на сите работни површини. Синхронизираниот менувач
(SYNCHRO SHIFT) со 8+8 брзини овозможува лесно менување и комфор во обавувањето на сите операции.

Тракторот LOVOL 504 N има минимален радиус на вртење од 3,3m. Сигурен диференцијален приклучок од иглест тип. Димензија, должина 4200mm / ширина 1600mm / висина до калници 1250mm.
Тракторот LOVOL 504 N располага со удобен работен простор, со ергономски дизајн и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.

Тракторот LOVOL 504 N е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL 504 N:
- Mоќност на мотор, 50hp
- Број на цилиндри, 4
- Погон на сите 4 тркала / 4WD
- Хидрауличен волан
- Синхронизиран менувач (SYNCHRO SHIFT) / Брзини, 8 напред + 8 назад
- Кардан, 540/1000 вртежи во минута
- 4 хидраулични излези
- Гуми радијални, предни 260/70-R16, задни 360/70-R24
- Тегови, напред 6x25kg и назад 4x45kg
- Влечна кука, топлинг, сет алат
- Ергономско и удобно седиште
- Со заштитен рам
- Должина/Ширина/Висина(калници): 4200 / 1600 / 1250 mm

Секоја година, LOVOL снабдува повеќе од 100.000 трактори, 50.000 комбајни и 120.000 мотори за возила, во својата дистрибутивна мрежа која опфаќа повеќе од 120 земји во све.
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Објава на Facebook групата, LOVOL Macedonia:
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и подршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи повеќе од 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, SWM, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
