На 10ти Февруари, Најк Пром ДООЕЛ со тимот од својата подружница во Битола, одржа успешна презентација и изложба на застапуваните веќе познати брендови, LOVOL трактори и TURAN TARIM плугови.
Присутните земјоделци од с.Будаково и околината на Општина Могила, лоцирани во битолскиот регион, беа запознаени и позитивно изненадени од дизајнот, квалитетот, перформансите и опремата на презентираните трактори и плугови.
Беа презентирани моделите на трактори LOVOL 754, LOVOL 604 и LOVOL 504. Сите три модели на трактори се моќни, современи, економични и ефикасни модели, дизајнирани за најефикасна и современа обработка на земјоделските пвршини. Поседуваат 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија, директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрочувачка на гориво, максимална сигурност и професионална обработка на сите работни површини. Моделите се трета генерација која поседува најнов модел на кабина, херметички затворена, звучно изолирана, со парно и клима, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, шибер, брисачи, радио со USB и др. Меѓу другите перформанси на овие модели, може да се издвојат, погонот на сите 4 тркала, синхронизираниот менувач 12+12, хидрауличен волан, комперсор, 2 влечни куки, топлинг, тегови напред и назад, сет алат и др. Во понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ, овие модели на трактори ги има и без кабина, со настрешница и заштитен рам, како и опцијата со радијални гуми или гуми нормал. LOVOL тракторите се со 3 години гаранција и можност за продолжување +2 години.
Заедно со тракторите беа презентирани и плуговите на турскиот производител TURAN TARIM. Овој производител се издвојува од другите турски производители по тоа што е специјализирана фабрика со повеќе од 90 години традиција во производството на високо квалитетни и современи плугови.
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ ја нагласи и доведе до внимание сигурната и ефикасна комбинација на LOVOL тракторите и TURAN TARIM плуговите.
Резултат на успешната презентација е одлуката на еден од присутните земјоделци, Г-динот Емран Салиевски од с.Будаково, да набави трактор LOVOL 504 B со кабина. Му честитаме, со здравје да му служи.
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во Нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Главна цел на целиот тим во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижат за долготрајна и квалитетна соработка со Нивните ценети клиенти.
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи безмалку 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало преку продажба на трактори, земјоделска приклична механизација, опрема за фарми, градинарска опрема, градежни машини, алат, мотоцикли, четирицикли и др. Генерални и директни увозници се на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, ODES, OKAY, AGROKUN и др.Во своите високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола, Ви овозможува овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање.