Една кукавица поминала пат од над 12.000 километри од Јужа Африка до Монголија, што е најдолга преселба на некоја копнена птица која ги изненади и научниците.
Користејќи ја ознаката која овозможува сателитско следење, научниците утврдија дека кукавицата поминала пат долг над 12.000 километри за од своето зимско живеалиште да се врати во Монголија, пренесе BBC.
Такви ознаки прикачени се за 5 птици во Монголија минатото лето во рамки на заедничкиот проект помеѓу локалните научници и Британскиот фонд за орнитологија за да се следат миграциите на долга оддалеченост.
Една ознака била прикачена за птица наречена Онон која своето зимско живеалиште во Замбија го напуштила на 20 март. Птицата поминала илјадници километри над индискиот океан без запирање, летајќи со просечна брзина од 60 км на час и прелетала над 116 земји за на крај да стигне до Монголија.
Друга птица по име Бајан, која зимата ја поминала во близина на Килиманџаро во источна Африка, стигнала до Јунан во Кина кога најверојатно угинала од измореност или ја убиле предаторите. Оваа птица за две недели поминала 10.000 километри.
Tanjug
