Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најдобрите партнери на земјоделците се извозниците, тие го решаваат пласманот на производите на странските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најдобрите партнери на земјоделците се извозниците, тие го решаваат пласманот на производите на странските пазари
Агровести

Најдобрите партнери на земјоделците се извозниците, тие го решаваат пласманот на производите на странските пазари

Објавено 14/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред почеток на новата земјоделска сезона, главниот проблем – пласманот на земјоделските производи е повторно во рацете на трговците и извозниците. Во услови на неорганизираност од страна на земјоделските производители, нефункционирањето на Договорното производство, стихијниот пласман повторно ќе биде препуштен на трговците и нивната способност да освојуваат странски пазари и да се носат со нелојалната конкуренција со високо субвенционирани земјоделски производи од земјите членки на ЕУ.

Кога на ова ќе се додадат и проблемите кои ги создаде војната во Украина, развојот на земјоделското производство во регионот, пред нив е предизвикувачка година.

-Генерално, трговците од 2025 година не сме најзадоволни, бидејќи на пласманот влијае војната меѓу Русија и Украина, односно во двете земји не можеме да извезуваме. Остануваат соседите и поранешните ју-простори, но мора да се знае дека веќе секаде има производство. Албанија е веќе градинарска сила и оттаму можеш во секое време да купипш седум-осум производи. Тоа се должи на подобрите климатски услови за разлика од кај нас и затоа имаат порано производство, дури пред земјите од цел Балкан, вели за МИА Благој Витанов, трговец и извозник од Струмица.

Тој очекува во 2026 година да продолжи трендот на успешен пласман на македонските градинарски производи, но никој не може да каже колкави и какви ќе бидат цените.

Според оценката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, градинарското производство, како најзастапена гранка во струмичкиот регион, во 2025 година поминало над досегашните очекувања.

-Раноградинарското остварено производство на компир и зелка во однос на 2024 година бележи раст од 10 отсто додека кај дињата и лубеницата е забележан раст од 8 отсто во однос на 2024 година. Кога станува збор за производството на краставици, домати и пиперка-куртова капија треба да се напомене дека покрај забележаниот раст од приближно 12 отсто кај наведените култури, во тековната 2025 година е забележан тренд на зголемено производство во заштитен простор што резултира со пораст на вкупното производство, оценија од ресорното Министерство.

Додаваат дека согледувајќи ја целокупната ситуација на терен и во непосредни разговори со земјоделските производители, за очекување е оваа тенденција на раст да продолжи и во 2026 година.

Инаку, и годинава градинарските култури од струмичкиот регион се  очекува да се извезуваат на пазарите во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Скандинавија и во други земји, а покрај странците големи количини треба да откупат и домашните фабрики, информира МИА.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:извозоткупстрански пазаритрговци
Претходен напис Димитриеска-Кочоска за „Мој ДДВ“: Останува како што беше и досега
Следен напис Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?