Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најавен нов ИПАРД јавен повик за Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Најавен нов ИПАРД јавен повик за Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
ИПАРД

Најавен нов ИПАРД јавен повик за Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

Објавено 27/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес го најави новиот Јавен повик 01/2025 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата преку Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“.

Финансиските средства на претстојниот повик ќе бидат наменети за следните сектори:

  1. Сектор за растително производство, и тоа следните потсектори:
    • Житни култури
    • Индустриски и фуражни култури
    • Лозови насади (само вински сорти)
    • Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7
  2. Сектор за сточарско производство, и тоа следните потсектори:
    • Говеда (за: млечно говедарство, гоење)
    • Свињи (за: репродукција, гоење)
    • Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење)
    • Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери)
    • Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7
  3. Сектор рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби
  4. Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, и тоа следните потсектори:
    • Млеко и млечни производи
    • Јајца, месо и производи од месо
    • Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
    • Шира, сок од грозје, вино

Претстојниот јавен повик на ИПАРД III програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, а се поддржуваат инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на земјоделските стопанства.

Јавниот повик ќе трае 45 дена сметано од денот на објавување.

За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Продолжува реализацијата на ИПАРД 3, потпишани 5 нови договори
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
Таг:01/2025ЗемјоделствоИпардјавен повикмерка 1
Претходен напис ЗКРСМ ќе работи на поддршка на занаетчиството и во 2025
Следен напис Наутро студено и магливо, преку ден сончево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?