Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти
Агровести

Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти

Објавено 10/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари. Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели. Неколку членки на „ОПЕК +“ се обидуваат да ги исполнат договорените производствени квоти обременети од недоволни инвестиции или од санкции. Картелот заостануваше со производството за околу 3,6 милиони барели дневно зад целите предвидени за август. „Снабдувањето всушност ќе се намали за милион до 1,1 милион барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500 илјади барели дневно“, рече саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман. Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака значајно стеснетиот пазар. „Една од клучните последици од најновите намалувања на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата над нивото од сто долари. Но, растот на цените веројатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, изјави Стивен Бренок од „PVM“. Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта. Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, при што растат ризиците од рецесија. Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени. Цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа забележани во јануари, но и натаму се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза од руската инвазија врз Украина, кога достигнаа до 147 долари за барел што е највисоко ниво откако почна со нафтата да се тргува преку термински договори. „Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега е стабилизирана меѓу 90 и сто долари, ’ОПЕК +’ веројатно ќе биде задоволен од исходот и покрај сè уште мошне неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од компанијата „ОАНДА“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафтасветски берзи
Претходен напис Времето денеска сончево со мала, умерена облачност и температура до 25 степени
Следен напис Празните ниви во Тетовско шанса луѓето да се вратат на одгледувањето грав и да се надмине недостигот на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?