Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над пет илјади тони непродадена оризова арпа од минатата година имаат земјоделците во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над пет илјади тони непродадена оризова арпа од минатата година имаат земјоделците во Кочанско
Агровести

Над пет илјади тони непродадена оризова арпа од минатата година имаат земјоделците во Кочанско

Објавено 29/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На две недели пред почетокот на жетвата на оризот, земјоделците од кочанскиот регион се соочени со проблеми околу неговото складирање поради непродадените залихи од минатогодишната реколта. 

Ниските откупни цени, со кои не можат да ги покријат трошоците за производство, се главна причина што околу пет илјади тони оризова арпа сè уште стојат во амбарите, иако очекувале дека во летниот период ќе имаат некаков пораст.

– Со прибирањето на новата реколта ќе имаме проблем, затоа што откупувачите тактизираат со цените. Во моментот даваат од 30 до 32 денари за килограм, а ако при лупењето се добие над 40 отсто бел ориз цената е 35 денари за сортата опале, додека за сортите Сан андреа и Канео е од 37 до 40 денари. Се договаравме и со министерот, кој рече дека треба да го откупат произведеното од лани, тие првично се согласија, но сега викаат дека не се во можност поради состојбите на пазарот.

Извозот во Србија не одел затоа што таму имало увоз од Грција. Исто така, преработувачите сега ги ремонтирале машините за лупење на оризот од новата реколта и постојано си имаат оправдувања. Значи, ниту еден килограм од тоа што беше договорено со министерот, не е откупен, истакна Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево. 

Земјоделците реагираат што откупните цени и понатаму се определени од пред неколку години, според тогашните параметри за трошоци во производството.

– Сè уште се водиме според производни цени што пред три години ги дадоа од Земјоделскиот институт во Скопје, а оттогаш имаме проблем поради зголемената употреба на ѓубрива и хербициди, поради што и трошоците ни пораснаа. Значи треба да се искалкулира нова цена. Очекуваме средба со министерот за да се најде решение, со оглед што соработката меѓу земјоделците и откупувачите во изминатите дваесетина години се одвива тешко. Тоа влијае многумина да го намалат или целосно да се откажат од производството, па и да се иселуваат од државата. Потребно е да се направи либерализација на пазарот на оризот за да се обезбеди негово производство и во иднина на овие простори, истакна Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

Од претстојната жетва на оризот се очекуваат околу 20 илјади тони арпа, за кои ако не се најде решение со откупот и пласманот, ќе има проблем со складирањето. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЗемјоделциКочанскоНепродаденаоризова арпаПет илјади тони
Претходен напис Достава на вредносните картички за „зелена нафта“ наменети за земјоделците
Следен напис (ВИДЕО)Јанеска – Стаменковска: На државата и требаат современи агрономи за новото време, запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?