Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 80 интервенции на пожарникарите изминативе четири дена поради невремето во Тетовско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 80 интервенции на пожарникарите изминативе четири дена поради невремето во Тетовско
Агровести

Над 80 интервенции на пожарникарите изминативе четири дена поради невремето во Тетовско

Последна измена: 27/06/2024 12:44
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Од неделата (23 јуни) до вчера (26 јуни) пожарникарите од Тетово евидентирале 80 интервенции поврзани со последици и проблеми со кои се соочиле граѓаните поради невремето проследено со интензивен дожд, силен ветер и грмотевици. И вчера Тетово и околина беше погодено од невреме кое траеше од 17 часот па се до 1 часот по полноќ.

– Од недела до денес имавме повеќе од 80 интервенции, извлекување на заглавени во возилата, од куќите, испумпување вода од подрумите на колективните станбени куќи, градската болница, ослободување на подвозниците на влезовите излези од градот и чистење на блокираните патишта на влезот во тетовските села, изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Денес градските улици се чистеа од калот, од страна на работниците на ЈКП „Тетово“. Низ дворовите и помалите улици граѓаните сами со свои можности отстрануваа последици од невремето.

– Овде е нормално кога малку ќе заврне водата да почне да извира. Стававме цигли за луѓето да можат да поминат. Имаше поплавени подруми. Кога се правеше улицата, имаше ставено големи цевки. Од знамето навака има ставено мали цевки. И затоа се јавува проблемот. Цевките се расипуваат затоа што извира вода, излегува многу нечиста вода, има разни ѓубриња, вели Насер Алии од улицата „Браќа Симовски“, позната како Чапкачоково сокаче.

За последиците од невремето зборуваше и тетовчанката Нада Блажевска.

– Страшно беше, како секоја непогода. Нема место каде што нема влезено вода. Еве и мојата куќа е над патот. повторно во визба ми влегува вода. Стручњаците за оваа работа, треба да знаат што треба да направат. Ние секогаш сме имале проблеми. Особено овој дел, езеро било, со чамци да се проаѓа. Сега малку е санирано, меѓутоа со овие непогоди, со поројни дождови, не знам што треба да се направи. Не само во Тетово и Тетовско. Селата се катастрофа, изјави Блажевска.

Тетовчанката Трпана Ѓорѓевска рече дека дождот не може да се запре, но некои работи треба да се средат. Таа се пожали дека ѓубрето не се собира и дека сами го изнесуваат со колички.

Поради невремето беа блокирани и неколку локални патни правци.

МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце пренасочен во двата правца поради пожар
Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново
Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад
(ВИДЕО-ФОТО) Голем пожар во Крива Паланка – градоначалникот бара итна помош
Таг:80 интервенцииневремепожарникаритететовско
Претходен напис Цената на струјата во прв блок останува иста, во втор се зголемува за 0,85, во трет за 1,92, во четвртиот за 1,88, а евтината за 0,65 проценти
Следен напис УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?