Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 70 милијарди денари за економски активности во Предлог-буџетот за 2021
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 70 милијарди денари за економски активности во Предлог-буџетот за 2021
Агровести

Над 70 милијарди денари за економски активности во Предлог-буџетот за 2021

Објавено 19/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот треба да обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со Ковид-19, а веќе во следните три години забрзан и одржлив економски развој.

Очекувањата се во втората половина на 2022 година да се врати преткризното ниво на БДП, а веќе во 2025 година економија да расте со стапка од 5,9 отсто. Планот е буџетскиот дефицит во 2025 година да се спушти на 2,5 отсто од БДП.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Буџетот за 2021 година е конципиран за да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните како последица на здравствената криза, но и да овозможи постепена консолидација и стабилизација на економијата.

– Доколку се се одвива по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1 отсто, да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4 отсто, воедно да пораснат и бруто-инвестициите за 8,4 отсто. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8 отсто, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2 отсто, појасни Битиќи.

За економски активности во 2021 година планирани се 70,2 милијарди денари, што, според вицепремиерот Битиќи, покажува дека Владата вложува многу надеж во економијата која вистински ќе биде поддржана во следниот период.

За програмите со кои ќе се стимулираат нови инвестиции кај домашните и кај странските компании предвидени се 7,1 милијарда денари. Една од најголемите поединечни програми е онаа за поттикнување на вработувањето која ќе изнесува 1,9 милијарди денари и ќе овозможи поддршка за формирање на нови компании преку самовработување и вработување на невработени лица, но и обуки за невработените.

Продолжува и спроведувањето на Планот за економски раст за кој се проектирани над 2,5 милијарди денари кои ќе бидат наменети за инвестиции во изградба на хали, набавка на машини, поддршка за развој за истражувачки центри и технолошко-развојни иновации на домашни и странски компании.

– Во овие неколку месеци ќе работиме на измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за да ги олесниме критериумите за аплицирање на компаниите, односно да ги адаптираме согласно ситуацијата со КОВИД -19, најави Битиќи.

Следната година, според најавите, ќе продолжат и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за работа во ТИРЗ зоните за што се планирани 499 милиони денари, а со буџетски средства ќе се финансираат и дел од инвестициите во железничката инфраструктура, гасификација, развојот на хидросистемот „Злетовица”.

– Буџетот за 2021 година е димензиониран и проектиран да одговори на реалните потреби на државата, стопанството и граѓаните. Економијата е еден од врвните приоритети. Само во инвестиции во економијата ќе обезбедиме побрза консолидација на општеството, а потоа и побрз и одржлив раст и развој. Овој буџет е за граѓаните, за стопанството, за сите нас, нагласи Битиќи.

Предлог-буџетот за 2021 година е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра. Се очекува значително зголемување на приходите за околу 8,3 отсто со што буџетскиот дефицит, од 8,5 проценти, колку што ќе биде годинава, ќе падне на 4,9 проценти од БДП. Во Предлог-буџетот за следната година проектирани се и средства во висина од 50 милиони евра за евентуални идни мерки за справување со КОВИД-кризата со кои ќе го поддржи стопанството и граѓаните. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаекономски активностиПредлог буџет 2021
Претходен напис Важни разлики помеѓу белиот и интегралниот ОРИЗ – кога да го одберете едниот, a кога другиот?
Следен напис Акција за пошумување на територијата на Општина Валандово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?