Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 50.000 евра инвестиција на Општина Битола за сигурно и безбедно водоснабдување на градот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 50.000 евра инвестиција на Општина Битола за сигурно и безбедно водоснабдување на градот
Агровести

Над 50.000 евра инвестиција на Општина Битола за сигурно и безбедно водоснабдување на градот

Објавено 10/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со градежните активности кои во моментот се одвиваат на потегот пред пумпната станица „Довлеџик“, Општина Битола обезбедува решавање на три долгогодишни проблеми кои претставуваа сериозна закана од различни аспекти.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и Директорот на ЈП Водовод Горан Козаров, денес извршија увид во динамиката на изведба на активностите.

Со овој проект во вредност од 3.365.000 денари, финансиран од Општина Битола, се регулира коритото на реката Драгор, која поради нерегулираноста, при надоаѓање на вода, вршеше поткопување на земјиштето и дел од патот, при што се спречуваше пристапот до пумпната станица, со која се регулира водоснабдувањето на градот.

При таквото одронување, дел од 10 киловолтниот кабел, потребен за снабдување на пумпната станица со електрична енергија остана во воздух, што исто така претставува потенцијална опасност за регулирање на водоснабдувањето на градот, но и за општата безбедност на населението.

Реализацијата на овој проект и изградбата на потпорниот ѕид во реката Драгор пред пумпната станица за вода „Довлеџик“, ќе придонесат за регулирање на коритото на реката Драгор, спречување на паѓањето на патот и соодветно сместување на 10 киловолтниот кабел, за непречена работа и континуирано водоснабдување на градот. Исто така, во непосредна близина се наоѓа и компензациониот базен на ХМС Стрежево, до кој со овој зафат ќе се овозможи оперативен и безбеден пристап.

Изведувач на градежните активности е ЈП Водовод и истите се очекува да бидат завршени до крајот на овој месец.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водоснабдувањеинвестицијаОпштина Битола
Претходен напис Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност
Следен напис (Видео) Oдгледување на лешници за FERERO – Пат до сигурна и добра заработка!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?