Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националните хидрометеоролошки служби се клучни за намалување на ризикот и ублажувањето на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Националните хидрометеоролошки служби се клучни за намалување на ризикот и ублажувањето на климатските промени
Агропрогноза

Националните хидрометеоролошки служби се клучни за намалување на ризикот и ублажувањето на климатските промени

Објавено 22/03/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

22 Март Светскиот ден на водите и 23 Март – Светскиот метеоролошки ден – Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, ќе ги одбележи со скромни работни настани.  

Како што наведуваат од УХМР, овој 22 март – Светскиот ден на водите се одбележува под насловот „Вода за мир“, со цел да ја промовира водата како алатка за мир, подигајќи ја свеста за начините на кои светот може да се обедини околу одржливото управување со водата и да се соработува на заедничките предизвици. Светскиот метеоролошки ден 23 Март, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО), оваа година е со тема „Посветени на климатската акција“. По тој повод, во пораката на Генсек на СМО, Селест Сауло, се истакнува улогата на националните хидрометеоролошки служби кои се клучни за намалување на ризикот, адаптацијата и ублажувањето на климатските промени.

-Светскиот метеоролошки ден е посебна прилика да ја зголемиме свесноста за тоа кои сме, што правиме и зошто го правиме тоа. Националните метеоролошки и хидролошки служби – членки на СМО – се клучни чинители во борбата против климатските промени. Темата на овој Светски метеоролошки ден е „Посветени на климатската акција”. Климатската акција кај секој човек има различно значење, но сите се согласуваме дека таа е неизбежна. И итна. И тоа е повик за сите. Сите ние мораме да се насочиме кон еден правец, вели генерален секретар на СМО Сауло.

Таа ја нагласува улогата на хидрометеоролошките служби во справувањето со климатските пормени.

-Метеоролошките и хидролошките служби се состануваат, дискутираат и ги анализираат податоците за времето, водата и животната средина, за да разбереме што се случува со климата сега и како таа се менува. Не можеме да управуваме со она што не го мериме и тука е идеално поставена СМО која постои и има горда историја со повеќе од 150 години на споделување податоци и најдобри практики. Тоа е нашата сила. Ние ја зголемуваме таа сила за да понудиме информации за поддршка на ублажувањто. Поради оваа причина, Светската метеоролошка организација (СМО) го активира Глобалното бдеење на стакленичките гасови. Ни требаат повеќе мерења за да поттикнеме донесување на одлуки и климатска акција, вели генералната секретарка на СМО.

Но ублажувањето не е доволно, додава таа, прилагодувањето (адаптацијата) е неопходност, а за многу луѓе, тоа е прашање на живот или смрт.

-Како прашање на приоритет, хидрометеоролошките служби низ светот се вклучени во подобрувањето на нивните системи за рано предупредување, кои се важен дел на адаптацијата и намалувањето на ризикот од катастрофи. Сепак, дури и денес, многу држави не се во можност да ги понудат овие рани предупредувања за да ги заштитат луѓето. Заради ова, како дел од глобалната заедница, ние ja започнавме иницијативата за „Рано предурпедување за сите”. Секој човек на Земјата треба да има пристап до навремени, официјални и спасувачки информации за временските и климатските ризици, стои во пораката.

Климата и времето влијаат речиси на секоја активност. На пример, се додава, системите за обновлива енергија, вклучуваат ветер, сонце и вода; земјоделско производство, рибарство, транспортот и здравјето. Информациите за времето и климата го поттикнуваат економскиот раст. Ние треба да дадеме се од себе за да ги претвориме климатските науки во услуги, а климатски услуги попристапни и поефективни за користење.

-На Светскиот ден на метеорологијата, Националните метеоролошки и хидролошки служби заземаат централно место. Тие се клучни за намалување на ризикот, развојот, адаптацијата, ублажувањето и одржливоста. Ние мора да се погрижиме за нивната стручност да одговара на високото ниво на климатските акции. СМО е посветена на работата заедно со секоја Национална хидрометеоролошка служба (NHMS) за да се осигура дека овој вредносен циклус има влијание на национално, регионално и глобално ниво. Станува збор за поттикнување на инклузивноста и градење на одржливи патеки, нагласува Сауло.

Во пресрет на досега невидени еколошките предизвици, посочува Сауло, ние не сме обични набљудувачи, ние сме повикани да влијаеме на нив.

-Нашата улога како научници и адвокати на планетата никогаш не била посуштинска. Животите на идните генерации се во наши раце. Нашите напори денес ќе создадат посигурен, поздрав свет за идните генерации – свет каде децата ќе живеат во хармонија со природата. Заедно стоиме на првата борбена линија на климатската акција и се потпирама на нашата колективна стручност за подобро и отпорно утре, порачува генералната секретарка на Светската метеоролошка организација Селест Сауло. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:климатските промениклучнинамалувањеНационалните хидрометеоролошки службиризикотублажувањео
Претходен напис Американец доби модифициран бубрег од свиња, прво вакво пресадување во историјата
Следен напис ЦУК: Во последното деноноќие осум пожари на отворено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?