Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Агровести

Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?

Објавено 15/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната земјоделска мрежа испрати соопштение до јавноста во кое бара одговор од Платежната агенција и МЗШВ зошто до тутунари се испратени писмени барања да вратат средства од веќе исплатени субвении во 2025 година, за реколтата 2024. Кај некои тутунари се бара поврат на исплатени субвенции и до 6 илјади евра. Доказот кој го објавиваме бара поврат на средства до 2 илјади евра.

Соопштението на НЗМ ви го пренесуваме во целост

Националната земјоделска мрежа бара итен одговор: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутунот за реколтата 2024?

Националната земјоделска мрежа (НЗМ) упатува јавно барање за итно објаснување до Платежната агенција и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по информациите дека на голем број тутунопроизводители им пристигнуваат налози за поврат на веќе исплатените субвенции.

Според информациите од теренот, до членовите на НЗМ и останатите земјоделци пристигнуваат писмени известувања од страна на Платежната агенција со кои се бара да ги вратат парите добиени за предадениот тутун од реколтата 2024 година.

Ова создава непријатна состојба и несигурност кај производителите во период кога средствата се веќе вложени во новото производство. Во отсуство на подетални официјални информации, Националната земјоделска мрежа јавно ги повикува надлежните институции да дадат прецизен и јавен одговор по кој основ се бара повратот на овие средства. НЗМ нагласува дека земјоделците заслужуваат да ја знаат вистината за ваквата одлука, особено што станува збор за законски остварено право на субвенционирање. НЗМ го користи правото согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и очекува брза реакција од министерството и агенцијата со цел да се расчисти овој случај и да се заштитат интересите на тутунопроизводителите.

Со почит

Националната земјоделска мрежа

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:државаплатежнареколтасубвенцииТУТУН
Претходен напис Комисијата за заразни болести: Низок ризик од појава и ширење хантавирус во државата, континуирано се следи состојбата во светски рамки
Следен напис Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?