Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури
Агровести

Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури

Објавено 15/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полјоделците од сите региони здружени во Националната мрежа на земјоделци на состанокот во Свети Николе заклучија дека откупната цена од 30 денари за килограм пченица, односно лебно зрно, може да ги спаси од загуба. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека направиле пресметка според која произлегува дека  производната цена на пченицата и јачменот е 19 денари за килограм.

-На состанокот дојдовме до следните заклучоци и тоа дека според наша проценка производна цена за килограм пченица и јачмен е 19 денари. Економско оправдана цена за оваа година е 30 денари. Се останато што ќе биде под 30 денари не води во загуба, рече Каркашев.

Тој истакна дека во наредниот период полјоделците очекуваат и Земјоделскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ да ја изготви годинашната производна цена која ќе одговара со нивната пресметка, а тоа е 19 денари за килограм. Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со новата Влада.

-Очекуваме активно да се вклучат институциите и како медијатори да не седнат и да разговараме со откупувачите, за да се најдеме на средина, бидејќи вака ако продолжи дефинитивно ќе се откажеме од производството на житарици, рече Каракашев.

Производителите на житни култури велат дека жетвата на јачменот веќе е почната во Овчеполскиот регион, втората по големина житница во земјава.

-Стартот е веќе почнат, приносите се многу намалени. За разлика од лани годинава се движат од 1500 до 3000 кг. на хектар што е многу малку, а за сметка на тоа купувачите нудат мизерни цени од осум денари што се далеку под производните цени, а не пак да оствареме некаква добивка, рече Каркашев.

Тој додаде дека доколку полјоделците немаат помош оваа година, може да се случи за наредната година да се намалат површините со  житни култури.

Македонските земјоделци годишно произведуваат околу 250 000 тони пченица. Овие приноси не се доволни, па  за да се покријат основните потреби на населението, секоја година повеќе од 100 000 тони пченица увезуваме од странство.

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:Владатажитните културиНационалната мрежа на земјоделцисредбацената
Претходен напис Промотивна работилница на НФФ во Неготино
Следен напис Земјоделците да се информираат за заедничката земјоделска политика на ЕУ, порачуваат експертите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?